среда, 18 јануари 2017  |  Вести денес: 20

Терорист со нож нападнал наставник во Париз

pariz

Поврзани вести

Наставник од училиште во предградие на Париз утринава е нападнат со нож од страна на терорист кој извикувал – Исламска држава, јавија француксите медиуми.

Нападот е извршен во училница во училиштето во Обервил, каде наставникот бил сам. Напаѓачот при тоа извикал: „Ова е Даеш (кратенка на групата Исламска држава на арпски јазик). Ова е предупредување“.

Наставникот бил прободен во колкот и во пределот на вратот, но лекарите изјавиле дека тој е вон животна опасност, пренесува МИА.

Според локалното обвинителство, напаѓачот, кој во моментов е во бегство, влегол невооружен во училницата, каде пронашол нож за хартија и ножици.

Напаѓачот бил облечен како молер и носел ракавици, капа и војнички чизми.

Во тек е полициска акција за пронаоѓање на напаѓачот.

Во Франција се уште е во сила предупредувањето за опасност од терористички напади, кое беше прогласено по нападите во Париз на 13 ноември во кои беа убиени 130 лица.

Најчитани вести