Терористи киднапирале тројца Израелци

Терористичка организација киднапирала тројца млади Израелци пред 48 часа, изјавил синоќа  израелскиот премиер Бенџамин Нетањаху, кој за овој настан го смета за одговорен претседателот Махмуд Абас.

„Нашите млади момчиња ги киднапирала терористича организација, во тоа нема сомнеж“, изјавил Нетањаху во кратката изјава за радио и телевизија.

Младите момчиња исчезнале во четвртокот навечер додека стопирале автомобили во насока кон Ерусалим, а се наоѓале во близина на палестинските градови Витлеем и Хеброн.