Терористи и’ се заканија на Грција

Грчката терористичка организација „Заговор на огнените јадра“, преку писмо се заканија со бомбашки напади и егзекуции во Грција, јавуваат грчки медиуми.

Целта на вооружените напади е да се предизвика хаос и дестабилизација, се вели во писмото.

Членовите на Организацијата предупредуваат дека „целите може да станат реалност преку план за акции со помош на мали групи кои ќе таргетираат цели и ќе извршат напади“.

 

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис ги нарече кредиторите на Грција „терористи“ и ги обвини дека сакале да ги понижат Грците.