Терористички напад – причина за исчезнувањето на малезискиот авион!?

Причина за исчезнувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ би можел да биде терористички напад, а официјални лица потврдиле дека истрагата оди во таа насока.

Леталото „Боинг 777“ со 277 патници и 12 членови на екипажот исчезна од радарите во саботата за време на лет од Куала Лумпур кон Пекинг. Урнатини од авионот не се пронајдени.

Вниманието на истражителите го привлекле четири патници за кои се верува дека имале украдени пасоши од европски земји. Министерот за сообраќај, Хишамудин Хусеин изјавил дека е утврден идентитетот на некои од потенцијалните осомничени.

„Четири имиња се на мојата маса“, рекол Хусеин.

Во истрагата учествува и малезиската разузнавачка служба, во Малезија е пратена и екипа од американското Федерално истражно биро (ФБИ).

Една од претпоставките е дека авионот набрзо по полетувањето свртел и тргнал назад кон аеродромот. Поради тоа е проширена областа во која спасувачките го бараат авионот.

„Постои реална можност авионот да тргнал назад кон Куала Лумпур“, рекол шефот на малезиското воено воздухопловство, Роџали Дауд.

Според последните информации од виетнамските власти тие забележале „пловечки објект на околу 100 километри југоисточно од островот То Чу“ и испратиле екипа да го истражи теренот.

Повеќе од 40 бродови и 22 летала учествуваат во потрагата.

Авионот од Куала Лумпур кон Пекинг тргнал ноќта меѓу петокот и саботата, а од радарот исчезнал околу еден час по полетувањето.

Во авионот се наоѓале 227 патници од 14 земји, меѓу кои 153 Кинези, четворица Французи, како и 12 членови на екипажот.
Кинеските и виетнамските медиуми претходно објавија дека се верува дека авионот паднал во море во виетнамските територијални води.

Малезиската авиокомпанија е позната по своите безбедносни мерки, авион од типот „Боинг 777“ немал несреќата во последните 19 години.

Сепак, откриени е дека токму леталото кое исчезна имало оштетување на крилото во 2012 година.

„Откинат беше дел од врвот на крилото во должин од еден матар. Сепак, авионот беше на поправка и на безбедносни тестирања по што властите и Боинг му дадоа зелено светло“, вели извршниот директор на „Малезија ерлајнс“, Ахмад Џаухари Јахја.