Терористички напад во Далас, двајца мртви

Полицијата во Далас уби двајца мажи, кои извршиле вооружен напад пред зграда каде се одржувал конкурс за карикатури против пророкот Мухамед.

На настанот присуствувал и холандскиот десничарски политичар Герт Вилдерс, кој е познат по своите антиисламски ставови и е лидер на евроскептичната Партија на слободата.

Напаѓачите пукале на еден припадник од обезбедувањето во предградие на Далас, а потоа биле убиени во престрелка со полицијата. Припадникот на обезбедувањето не се наоѓа во животна опасност.

Се врши претрес во автомобилот на напаѓачите, бидејќи постои сомнеж дека во него се наоѓа бомба, соопшти полицијата.

Очевидец изјави дека слушнал околу 20 истрели, кои наводно доаѓале од автомобилот кој минувал покрај зградата, каде се одржувала конференција.

Конкурсот за карикатури на пророкот Мухамед го организирала асоцијацијата Иницијатива за слободна американска одбрана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.