Терористички напади се планираат во Индија?

Весникот „Тајмс оф Индија“ денеска пишува дека индиската полиција располага со информации за подготвување терористички напад врз еден од најпосетуваните и најбогатите храмови во Мумбај, во јужниот дел на земјата.

Според податоците на весникот силите за безбедност се ставени во состојба на зголемена готовност по добиените податоци дека терористите распоредуваат четири диверзантски групи, кои треба да го нападнат храмот Сидхиванајак.

Терористичките акции се планирани за време на посетата на американскиот претседател Барак Обама на Индија од 25 до 27 јануари.

Според силите за безбедност најверојатниот датум на извршување на нападите е 27 јануари, кога во храмот, посветен на полубогот Ганеш се собираат голем број верници.

Според оперативните потадоци терористите, кои се спонзорирани од Пакистан, веќе се префрлени на територијата на Индија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.