Разбиена терористичка ќелија во Тунис: Планирале напади врз хотели

Полицијата во Тунис разбила терористичка ќелија. Џихадистите планирале голем напад врз туристичките хотели во Тунис, јавуваат британски медиуми.

Ова апсење следи по помалку од пет месеци од масакрот во Сус, кога вооружен маж на плажа уби 38 лица.

Некои од милитантите што биле уапсени деновиве биле тренирани во Либија и Сирија и во моментов чекале наредби за да ги извршат нападите.

Спречивме голем напад овој месец. Терористичката ќелија се подготвуваше за напад врз важни институции, хотели, безбедносни центри, како и против политичари, со цел да направи хаос во земјата, вели Рафик Чели, шеф на бирото за безбедност.

Во март годинава, вооружен маж уби 21 турист во музејот Бардо во Тунис, и 38 странски државјани беа убиени на плажа во Сус во јуни.

Повеќе за ова на следниот линк.