сабота, 10 декември 2016  |  Вести денес: 28

Терористички напад – можна причина за падот на египетскиот авион

Египетските власти не исклучуваат ниту една од можностите за причината на падот на авионот на компанијата „Иџипт Eр“, кој ноќеска исчезна од радарот над Средоземното Море, па ни „терористички напад“, изјави денеска египетскиот министер за цивилно воздухопловство Шериф Фати.

egyptair

Поврзани вести

Тој на прес-конференцијата во Каиро истакна дека се додека не биде пронајден авионот ќе зборува дека „авионот е исчезнат“, пренесува МИА, повикувајќи се наТанјуг.

До сега немаме информации дека се пронајдени какви било остатоци од авионот, рече египетскиот министер и додаде дека не може дури ни да потврди дека авионот паднал.

Фати апелираше до медиумите да престанат со шпекулации околу причината за несреќата.

Последниот контакт со авионот кој леташе на линијата Париз-Каиро, остварен е во 2,30 по локално време, додека во 2,50 е пробано да се воспостави контакт, но без успех.

Фати потврди дека потрагата по остатоците од авионот се фокусирани на подрачјето околу грчкиот остров Карпатос.

Во авионот „Иџипт Eр“ во моментот на несреќата се наоѓале 56 патници и десет членови на екипажот.

Најчитани вести