Терористички напад не е причина за падот на авионот Ту-154

Рускиот министер за сообраќај Максим Соколов изјави дека терористички напад не е „виден“ како главна верзија на падот на авионот. Соколов е шеф на владина комисија за истрага за несреќата.

Тој додаде дека главните верзии за падот на авионот не вклучуваат терористички напад туку се разгледува дали до несреќата дошло поради технички проблеми или грешка на пилотот.

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека се проширува потрагата по телата на жртвите од авионската несреќа и таа се врши во три смени.

Во потрагат се вклучени 3.500 луѓе во 200 различни тимови.

Авион на руското МО Ту-154 со 92 патника се урна вчера во Црното Море по полетување од Сочи кон Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.