Терористички напади во Париз: Најмалку 126 лица загинаа (фото+видео)

Ноќта на теророт започна околу 21 часот, во 23 часот префктурата на полицијата на Париз имаше констатирано најмалку три престрелки на истокот од Париз. Од автомобил, беа истрелани рафали кон кафулето Каријон, азискиот ресторан Ле Петит Камбоџ, кој се наоѓа на аголот на улицата Бишат и улицата Алиберт, наспроти болницата Бишат во 10–от арондисман. Повеќе гости беа покосени.

Беше надреално, сите бевме на земја, никој не мрдаше, раскажа една жена, сведок на настанот. – Беше мирно, луѓето не разбираа што се случува, една девојка беше носена од еден млад човек в раце. Таа беше мртва, раскажува таа.

Додека спасувачките екипи се обидуваа да ги спасат преживеаните во неописливата крвава сцена, концертната сала Батаклан, каде се одржуваше концертот на групата Игелс од Дет Метал во 11-от ародносман беше исто така нападната од повеќе вооружени лица.

Еден од сведоците, Луј, за француското радио Франс Инфо, кој беше на концертот со мајка му беше категоричен:

Тие викаа Алах Акбар и стрелаа врз луѓето!

ФОТО: Ројтерс
ФОТО: Ројтерс

Според него…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.