Терористички напад во Нигерија: Најмалку 30 загинати и 80 ранети

Терористички напад во Нигерија: Најмалку 30 загинати и 80 ранети
Терористички напад во Нигерија: Најмалку 30 загинати и 80 ранети

Најмалку 30 луѓе загинаа и над 80 се ранети во експлозија што одекна на пазар во Јола, град на североисток во Нигерија. Експлозијата се случила синоќа околу 20 часот по локално време.

Засега никој не презеде одговорност за нападот кој има обележја на исламистичката Боко Харам во чии напади во изминатите шест години загинаа неколку илјади луѓе.

Нападот е извршен само неколку дена откако нигерискиот претседател Махмуд Бухари изјави дека Боко Харам е „целосно поразен“.