ТОП,Свет

Терористички напад во Русија

Терористички напад во Русија

Тројца бомбаши-самоубијци се разнесоа денеска крај полициска станица во градот Новоселское во рускиот Ставрополски крај (Југозападна Русија), соопшти претставник на локалните безбедносни структури.

Веројатно станува збор за терористи, тие ги активирале експлозивите околу 10.40 часот по локално време, изјави тој.

Нема настрадани меѓу населението и силите на редот, соопшти градската полициска управа, пренесува МИА.

Напаѓачите биле четворица и двајца од нив се ликвидирани.