понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 33

Терористите од Париз и Брисел користеле хрватски телефон

Во извештаите на француската истрага, полицијата и тајните служби се наведуваат податоци за хрватска врска во нападите во Париз и во Брисел. Истрагата го реконструирала движењето на терористите и нивните подготовки за нападот во Париз.

abdeslam

Поврзани вести

Во извештаите на француската истрага, полицијата и тајните служби се наведуваат податоци за хрватска врска во нападите во Париз и во Брисел. Истрагата го реконструирала движењето на терористите и нивните подготовки за нападот во Париз.

Било утврдено дека напаѓачите престојувале и контактирале со некого во Хрватска.

Додека се подготвувале за терористичките акции користеле исклучиво мобилен телефон од Хрватска што е испратен од фабрика во Кина. Било утврдено дека ирачките напаѓачи од стадионот Стад де Франс во Париз стасале преку Хрватска со лажни сириски документи.

На 13-ти ноември 2015-тата во 20.30 часот четворица мажи излегле од станот и влегле во автомобилот со кој што половина час подоцна ќе пристигнат пред стадионот каде се играше натпреварот меѓу Франција и Германија. Тројца од нив активирале експлозивни појаси со што започнал крвавиот терористички поход во француската престолнина во кој што беа убиени најмалку 130 лица, а стотици беа ранети.

Како што пренесуваат медиумите на возачкото место се наоѓал 26-годишниот Белгиец со мароканско потекло Салах Абдеслам, главниот логистичар, по кого полицијата трагаше неколку месеци, а беше уапсен пред две недели во Брисел.

Останатите напаѓачи во возилото биле Французинот од Белгија Билал Хадфи и двајца Ирачани кои стасале во Европа од Сирија со лажни сириски документи преку Хрватска.

Истовремено од истиот стан тргнала уште една група терористи предводена од Абделхамид Абуд, шефот на париската група, која тргнала во поход во кафулињата и рестораните низ Париз. Заедно со Абуд во Сеатот биле и Шакиб Акрпугх и Брахим Абдеслам, постариот брат на Салах Абдеслам.

Брахим неколку дена пред тоа изнајмил стан во Париз што седуммината терористи го користеле како база каде од 11-ти до 13-ти ноември ги направиле последните подготовки за терористичката акција и тогаш го користеле исклучиво мобилниот од Хрватска.

Најчитани вести