Терористите поставиле мини во Диво насеље, во тек е деминирање

Акцијата во Диво насеље во Куманово заврши, но на повлекување терористите поставиле мини. Поради ова жителите на оваа кумановска населба уште не може да се вратат во своите домови, пишува Курир.

– Нашите служби вршат деминирање, со цел да нема жртви. По завршување на деминирањето, може слободно да се вратите. Булеварот нека биле слободен. Можно е до вечер да се заврши деминирањето. Затоа Ве замолуваме, не вршете притисок. Работиме најбрзо што можеме – вели припадничка на МВР која им ја објаснува ситуацијата на жителите во Куманово.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.