Македонија

Терористите сакале истовремено да нападнат пет полициски станици

Терористите сакале истовремено да нападнат пет полициски станици

Терористите имале за цел синхронизирано да нападнат пет полициски станици во Зајас, Кичево, Гостривар, Тетово и Куманоово.

Во Куманово состојбата се’ уште не е стабилизирана, но се намалува интензитетот на престрелките. Неофицијано, полицијата го разби и последноот терористичко упориште. Во тек е  претрес на сите куќи во населбата Дивљо насеље.

Според неофицијални информации, убиени се 15 терористи.
Синоќа, министерката за внатрешни работи соопшти дека 20 лица од терористичката групација се приведени. МВР денеска врши анализа за нивната инволвираност во ситуацијата, а ќе им бидат направени и парафински ракавици.

Двајца припадниц на безбедносните сили хоспитализирани на скопските клиники, утрово ум подлегнале на повредите. Со тоа, бројот на загинати полицајци се искачи на осум.

Повредени полицајци во вооружениот судир се пренесуваа и утрово во Клиничкиот центар кој е  под силно полициско обезбедување. Засега над 20 припадници на безбедносните сили се хоспитализирани во Ургентниот центар, како и во болниците „8 Септември“ и „Наум Охридски“.

Лекарите и другиот медицински персонал се целосно мобилизирани, а екипи на Итна медицинска помош од Куманово и од Скопје, се на терен заедно со полицијата, за на лице место да им пружат помош на ранетите полицајци.