Терористите уништиле дел од гасовод во Турција

Нов напад – терористите уништиле дел од гасовод во Турција.

Нападнатиот гасовод во Турција поточно се наоѓа во округот Агра во источниот дел од земјата, на околу 15 км. од границата со Иран.

Предивикан бил голем пожар кој навреме е изгаснат. Преносот на гас низ системот е прекинат, се додава во извештаи на медиумите во Турција.

Вонредна НАТО седница за Сирија

По барање на Турција денеска ќе биде одржана вонредна седница на НАТО околу Сирија.

Турција побара состанок на НАТО околу Сирија повикувајќи се на точка четири од Атлантската повелба што се активира кога некоја членка пријави дека е загрозена.

Анкара на тој потег се одлучи откако воената авијација почна со воздушни удари врз позиции на Исламска држава и курдски бунтовници во соседна Сирија. Во соопштението на НАТО се вели дека Алијансата „многу внимателно ќе ги следи случувањата и ќе биде солидарна со Турција“.7

Нападот во турскиот град Суруч

Турција удри врз Исламска држава

Турција во петокот ја нападна Исламска држава. Воени авиони извршиле бомбардирања врз цели на џихадистичката група на територијата на Сирија.

Телевизијата ТРТ објави дека четири борбени летата, полетале од базата Дијарбекир, во југоисточна Турција, и извршиле ракетен напад врз сириското село Хавар, кое се наоѓа непосредно до граничната линија со турската провинција Килис.

Кабинетот на премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, испратил соопштение до јавноста во кое е наведено дека авиони од типот Ф-16 во петокот утрината бомбардирале три локации на Исламска држава во северна Сирија.

Оваа акција на турската армија се случуваше по нападите на џихадистите на позиции на војската на Турција долж границата.

Исламка држава се смета за одговорна за нападот кој беше извршен овој месец во турскиот град Суруч, при што загинаа 32 лица, а најмалку 100 беа ранети.

Уапсени 1.050 милитанти во Турција

Во операција спроведена од петокот уапсени се 1.050 милитанти во Турцијамеѓу кои и припадници на Исламска држава, Курдската работничка партија (ПКК) и ултра левата партија DHKP-C.

Меѓу уапсените милитанти во Турција има и 50 до 60 странски државјани, изјавил турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

 

 

Американски претставници соопштија дека Турција и САД ќе формираат зона независна од Исламска држава во Сирија.