Терористот Абдеслам осуден на 20 години затвор

Салах Абдеслам, единствениот преживеан атентатор од терористичкиот напад во Париз во 2015 година денсека беше осуден на 20 години затвор за обид за убиство на полицајци во Белгија.

Судот во Брисел ги прогласи Салах Абдеслам и сообвиниетиот Суфиен Ајари за виновни за обид за терористички напад и обид за убиство на три белгиски полицајци. И неговиот соучесник Ајари е осуден на затворска казна во траење од 20 години. Ниту еден од нив не беше присутен за време на изрекувањето на пресудата во Палатата на правдата. Судиите во поглед на висината на казната одговорија на барањата на одбраната.

Абдеслам е осомничен припадник на огранокот на „Исламска држава“, кој ги изведе смртоносните напади во Париз во ноември 2015 година во кој загина 130 лица, како и во Брисел во март 2016 година.