Терористот од Берлин имал лажен српски пасош

Откако германската полиција откри дека терористот од Берлин кој со камион влета среде божиќен базар, претходно бил поврзан со Србин од Германија по име Бобан Симеоновиќ, претходно апсен за регрутирање борци за ИСИС, српските експерти за тероризам откриваат дека името „Бобан“ многу често е користено на фалсификуваните пасоши на терористите.

Џевад Галијашевиќ за српските медиуми открива дека лажни пасоши на име Бобан имеле и познатите терористи Абид Подбичанин, Изудин Црновршанин, Сејад Плојовиќ, Мирза Ганиќ, Елдар Кундаковиќ. Тој наведува и дека познатиот терорист на ИСИС од Косово Лавдрим Мухаџери имал српски пасош со име Бобан Џепиќ.

-Исто така ниту Мевлид Јашаревиќ кој што пукаше во американската амбасада во Сараево, не е Србин како што избрзаа со вестите светските медиуми дека терорист од Србија ја нападнал амбасадата. Сѐ Бобан до Бобан, а Србин ниту за лек- додава Галијашевиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.