Терористот од Стокхолм тврди дека сакал да се одмазди за борбата против „калифатот“

Рахмат Акилов, осомничен за напад со камион во шведската престолнина Стокхолм, изјави дека терористичките напади како неговиот „имаат цел да го привлечат вниманието“ за граѓаните во погодените држави да бидат свесни што прават нивните парламенти и влади против самопрогласениот „калифат“ на ултрарадикалната сунтска организација Исламска држава.

„Сакав Шведаска да го сопре учеството во борбата против калифатот и да престане да испраќа војници во воената зона“, изјавил Рахмат Акилов истакнувајќи дека сакал да ѝ се одмазди на оваа земја поради она што го прави против „калифатот“.

Додал дека не бил инспириран од некој посебен напад, „бидејќи ги имаше многу“, но бил запознаен со нападите со возила во Берлин, Лондон, Ница, Барселона….

Пред судот Акилов признал и дека видел и објави на други напаѓачи и повици на интернет од Исламската држава да се извршуваат нови напади.

Овој Узбекистанец во април 2017 година се залета во пешаци во шведската престолнина, убивајќи притоа пет лица, а во вторникот одговараше на прашањата пред судот на третиот ден од процесот против него.

Акилов побегна по нападот, но беше уапсени неколку часа подоцна.