Тероризмот и топлото време – двата најголеми непријатели на Сочи

Точно 17 денови остануваат до отворањето на XXII-те Зимски Олимписки игри. Домаќините од рускиот град Сочи продолжуваат со последните подготовки за пречекувањето на првите гости, а по се’ изгледа нивната главна преокупација ќе биде поврзана со безбедноста на натпреварувачите и…топлото време.

Според прогнозите на метеоролозите, во првите неколку денови на Зимската олимпијада се очекуваат температури и од над 10 степени Целзиусови, како и голема веројатност од врнежи од дожд.

Но, организаторот сепак смирува дека и покрај топлото време воопшто нема да има пречки за одржување на натпреварите, бидејќи има доволно снег на ски патеките. Последните информации велат дека снежната покривка на ски патеките изнесува околу 60 сантиметри, а орудијата за правење вештачки снег работат непрекинато, а најлесно им е преку ноќ, бидејќи само тогаш температурите паѓаат под нулата.

Sochi(1)Пред неколку денови рускиот претседател, Владимир Путин, уверуваше дека се прави се’ што е возможно за максимална безбеднојст на игрите.

Според него, за обезбедување на Сочи, во двете недели додека се одржува Олимпијадата, ангажирани се 40.000 полицајци, антитерористи и други вид соработници на органите на редот.

И додека полицијата и специјалните единици го опколија градот во обид да обезбедат мир за делегациите и за посетителите, високите температури создаваат вистински пречки и предизвици за организаторот.