Македонија,Крими хроника

Тешка кражба се случила во куќа во Битола

Тешка кражба се случила во куќа во Битола

Тешка кражба се случила вчера во куќата на Ј.В. (41) на улицата „Коста Обрашевиќ“ во Битола.

Крадецот преку незаклучена врата од гаражата влегол во куќата при што  извршил тешка кражба одземајќи 20.000 денари и разновиден златен накит во вредност од околу 900.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.