Тешка кражба во беровско

Тешка кражба се случила во куќа во село Митрашинци, беровско.

Против Д.Г. (27) е поднесена кривична пријава поради сомнение дека тој ја извршил кражбата.

Пријавениот од ноември 2013 година до крајот на јули годинава со намера да се стекне со противправна имотна корист со употреба на физичка сила и подесен алат насилно  влегол во куќа во с.Митрашинци каде што извршил пребарување и противправно одзел 15.000 денари, 25.000 евра и една електрична брусалица.