Тешка кражба во Битола: Евра, часовници и шише со метални парички

Арамија собрал се’ што е вредно од домот на битолчанец, евра, денари, три рачни часовници, дури и пластично шише како домаќинот си штедел метални парички.

Непознат сторител вчера провалил во домот на 40-годишниот Ѓ.Ј. на улицата Анести Пановски, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Арамијата во куќата на битолчанецот влегол откако насилно ја отворил влезната врата, а потоа одземал околу 3.000 евра, три рачни машки часовници и пластично шише во кое тој си собирал метални парички.

Со плен од околу 6.500 евра тој побегнал во непознат правец, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.