Тешка кражба во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Ќ. (25) поради сомневање дека стори три кривични дела.

Пријавениот Е.Ќ. се сомничи дека насилно влегол во неколку станови и куќи откаде одзел накит и пари во вредност од 28.500 денари.

Е.Ќ. од куќата на 72 годишниот Д.С. одзел златен накит и 700 денари или вкупна кражба од 15 илјади денари.

На Е.Ќ. му е изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена.