Тешка кражба во куќа во ресенско

Тешка кражба во куќа во селото Козјак, ресенско.

Од куќата на А.М. е одземен златен накит, 5.000 шведски круни, 19.500 дански круни, 20 австралиски долари, 200 американски долари, 20 канадски долари и 900 евра.

Сторителот влегол внатре преку прозорецот и во неколку простории ги пронашол и одзел горенаведените предмети, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.