Тешка кражба во куќа во Скопје

Тешка кражба се случила вчера во куќата на четириесет и четиригодишната Ф.М.на улица „Алпи“ во Скопје.

Крадецот насилно ја отворил балконската врата од подрумските простории, влегол внатре и извршил пребарување, при што одзел разновиден златен накит, дигитален фотоапарат како и куќиште од компјутер.

Причинета е материјална штета од околу 610.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.