Тешка кражба во куќа во Скопје

Тешка кражба се случила вчера во куќата на шеесет и четиrигодишниот Д.М. на улица „Товарник“ во Скопје.

Од куќата биле одземени златен накит, лап топ, очила за сонце, двоглед и други предмети по што го напуштил местото на настанот стекнуваќи се со противправна имотна корист од околу 270.000 денари.

Од МВР велат дека преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.