Тешка кражба во магацин во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.А.(18), С.Р.(27), двајцата од Прилеп, Ф.В.(30), Ј.В.(19), О.О.(40) и Х.М. (15), сите од Битола, за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Тие вчера во Битола, влегле во магацински простории сопственост на „ЕСМ“, при што одзеле резервни делови од хидраулика во вредност од 127.000 денари.