Тешка кражба во ресенско Наколец

Непознат сторител насилно и употребувајќи погоден предмет извршил тешка кражба во куќата на Н.Ш.(63), во село Наколец, ресенско, од каде што одзел разновиден златен накит, пари, ловна пушка „ремингтон“ кал. 12 мм. што ја поседувал со дозвола, радиокасетофон, информира полицијата. 

Кражбата при која што е направена материјална штета е околу 1 милион денари се случила во периодот од 26.11.2014 до 15.01.2015 година.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.