Тешка кражба во Сарај, разбојникот украл се што му дошло при рака

Во периодот од трети до четврти месецов во Сарај во куќата на 44-годишниот Р.Х. непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба.

Како што соопштува МВР, разбојникот одзел златен накит, два лап топ компјутери, парфеми и се што му дошло при рака, со што се стекнал со 270.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување.