Тешка кражба во стан во Аеродром

Тешка кражба се случила месецов во станот на А.А.П.(46) во скопската населба Аердром.

Од станот е одземен разновиден златен накит, машки и женски рачни часовници, 3.000 долари, 500 евра и клучеви.

Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 600.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.