Тешка кражба во стан во Скопје

Тешка кражба се случила вчера во станот на Е.С.Е. (55) од Скопје.

Кражбата е извршена на тој начин што сторителот се прекачил преку терасата, влегол во станот при што одзел златен и сребрен накит по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од 100.000 денари.

Од МВР велат дека превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.