Македонија,Крими хроника

Тешка кражба во стан во Скопје

Тешка кражба во стан во Скопје

Тешка кражба се случила во периодот од 23. до 27 месецов на улицата Никола Тесла, во станот на четириесетгодишниот Н.Л.

Од станот биле одземени четири рачни машки часовници, таблет, мобилен телефон, женски очила за сонце,женски парфеми,разновиден златен накит , 30.000 денари, 1.000 американски долари и 9.000 евра.

Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 2.000.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.