Тешка кражба во „Свети Јоаким Осоговски“

Тешка кражба се случила изминатата недела во помошен објект во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ во кривопаланечко.

Од комплексот биле украдени четири бакарни предмети од казан, при што била направена штета од 70 илјади денари.

Од МВР информираат дека преземаат мерки за откривање на сторителот.