Тешка кражба во Тетово, арамијата собрал златен накит вреден 3.000 евра

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера арамија го испразнил домот на 32-годишниот Д.Ј. на улицата Саво Тасевски во Тетово.

Арамија провалил во периодот од 18 до 22 часот,  кога никој немало дома, откако со погоден алат ја отворил влезната врата. Потоа, ги пребарал собите, па украл разновиден златен накит, вреден 3.000 евра.

Со богатиот плен, арамијата избегал, но полицијата трага по него.