Сообраќајка на правецот Куманово-Свети Николе, едно лице го загуби животот

Тешка сообраќајка се случила утрово околу 10 часот на магистралниот пат Куманово-Свети Николе.

Во сообраќајката, според првичните информации загинал 56-годишниот М Д. кој возел мотор. Во него удрил 49-годишниот Ф.С. кој управувал со камион марка Мерцедес со штипски регистарски таблички.

Лицет М.Д починало на лице место, а увидот е во тек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.