Тешка сообраќајка: Гореа автомобил и камион, има и еден загинат!

архивска илустрација

Тешка сообраќајна несреќа се случила на обиколницата помеѓу Ресник и Авалскиот пат, при што животот го загуби едно лице, а друго е сериозно повредено. До несреќата дошло кога автомобил марка „рено“ претекнувал и удрил во задниот дел на камионот.

Откако се судриле автомобилот се запалил и изгорел еден од патниците.

Луѓето од камионот први дошле да им помогнат и успеале да го извлечат возачот.

Во тек е истрагата, а може да се забележат и големи колони автомобили, бидејќи во овој дел сообраќајот е прекинат.