Тешка сообраќајка кај Битола

Сообраќајна несреќа се случи вчера околу 20 часот. Според последните информации до кои дојде ТВ Орбис се работи за сообраќајна несреќа помеѓу две возила, кои после судирот едното излетало од патот, а другото се запалило.

Од Клиничката болница во Битола информираат дека примени се двајца пациенти од кој едниот на одделението за хирургија, а другиот на одделението за ортопедија.