Тешка сообраќајка кај Миладиновци: Две лица се борат за живот

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево околу 14 часот на патот Куманово – Скопје кај наплатната рампа Миладиновци, автомобил Рено излетал од патот и се превртел, пренесува „Канал 5“.

Повредени се четири лица, од кои две потешко.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Се уште не се знае причината зошто возачот изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

На терен треба да излезе увидна екипа која треба да ги утврди причините за несреќата.