Тешка сообраќајка кај Нова Градишка

Уште еден живот згасна кај Нова Градишка во Хрватска. Вчера вечерта околу 21 часот кај местото Врбова во близина на Нова Градишка средовечен маж го изгуби животот во тешка сообраќајна несреќа, откако со својот автомобил излетал од патот.

Според информациите од полицијата загинатиот за време на несреќата бил сам во автомобилот.

По увидот, кој е во тек, ќе бидат познати причините за несреќата и идентитетот на загинатиот возач.