Тешка сообраќајка кај Олимписки базен -Едно лице загина, двајца повредени

Пешак почина на лице место откако во него удри мотоцикл на кој се возеле две лица.

Несреќата се случила околу 20 часот на булеварот „Кочо Рацин“ кај Олимпискиот базен во Центар. Возачот и совозачот се повредени и едниот е пренесен во Ургентинот центар, а другиот во Градската болница.

Од СВР Скопје за „Република“ велат дека увидот на полицијата и на јавниот обвинител се уште се во тек и засега нема информации за идентитетот на жртвата, ниту пак за степенот на повреди на двете лица од  мотоциклот.

 

Фото: Нова Македонија