Тешка сообраќајка кај Прилеп – едно лице загина, двајца повредени

Tешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола поточно кај селото Алинци се случила вечерва околу 19 часот, се судриле  автомобил „Опел Астра“ со битолски таблички и шлепер со скопски регистарски таблички, објави Република.

До сообраќајката дошло откако автомобилот директно се судрил со шлеперот.

Во страшната несреќа загина едно лице, а во судирот не забележувајќи ја колоната од возила се судриле уште неколку возила каде што две лица се повредени и веднаш се пренесени во градската болница во Прилеп.

Имено во меѓувреме на излезот од Прилеп кон Плетвар, кај бензинската станица на „Лук-оил“ пријавено е искршено возило на патот за кое сеуште нема потврда дали е предмет на напад или сообраќајна несреќа.

Полицијата е на терен и врши увид на сообраќајните несреќи.