Крими хроника

Тешка сообраќајка кај Стража, едно лице загина

Тешка сообраќајка кај Стража, едно лице загина

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патниот правец Гостивар – Кичево, пред превојот Стража.

Сообраќајот на овој птаен правец е во прекин и се очекува да започне увид што ќе го води јавен обвинител од Гостивар.

Според првичните сознанија, сообраќајната несреќа се случила во 16 часот кога директно се судриле минибус и патничко моторно возило.