Тешка сообраќајка кај Велес: БМВ се судри со мотор, автомобилот парчосан

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на излезот од Велес, каде што патничко возило од марката „бмв“ се судри со мотоцикл, пренесува екипата на Телеграф.мк, која случајно се најде на местото.

Според нивните информации од терен, патничкиот автомобил „бмв“ возел во спротивна насока, по што се судрил со моторот, чиј возач е тешко повреден.

Според СВР-Велес, сообраќајната несреќа се случила во 18:15 часот на излезот од градот, каде што автопатот се приклучува на регионалниот пат, во местото Петрово Чешмиче.

Полицијата сѐ уште врши увид.

Извор: Телеграф.мк