Македонија,Крими хроника

Тешка сообраќајка на автопатот Велес – Неготино, има и жртви

Тешка сообраќајка на автопатот Велес – Неготино, има и жртви

Тешката сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Велес – Неготино, кај наплатната рампа Градско. Според неофицијални информации, две лица меѓу кои едно 4 -годишно дете го загубиле животот.

Според првичните информации, во два паркирани камиони на третата коловозна лента, удрил автомобил кој се движел од Неготино во правец на Велес. Сообраќајката се случила околу 17 часот. Портпаролката на велешката полиција, Анита Стојковска ја потврди несреќата.