Тешка сообраќајка на Јужен булевар, двајца повредени

Две лица завршија на Ургентниот центар по тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 22.30 часот на Јужниот булевар.

Од полиција информираат дека во несреќата учествувале „тојота корола“ и „лада“, двете со скопски регистерски таблички, а повредени биле возачите Д.С. (48) и Д.С. (32) кои биле пренесево во Ургентниот центар каде им се контатирани телесни повреди.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.