Тешка сообраќајка на магистралниот пат Свети Николе –Штип

На магистраланиот пат Свети Николе –Штип се случи тешка сообраќајна несреќа.

Очевидци за Нетпрес велат дека патот во тој дел е затворен и полицијата ги сопирa возила и сообраќајот го пренасочува спрема стариот пат на оваа делница.

Според првичните информации, дошло до директен судир на две возила по што делови од од возилата биле разлетани на патот.

Од МВР најавуваат детали за подоцна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.