Тешка сообраќајка на патот Битола- Прилеп

Пет лица се повредени откако автомобил со битолски регистарски таблички кој патувал од Битола кон Прилеп излетал од патот.

Како што јавува локалната телевизија Орбис несреќата се случила утринава околу 7 часот и 50 минути, кога возачот на автомобилот марка „БМВ“ изгубил контрола и излетало надвор од коловозот и се превртел.

По несреќата сите повредени се префрлени во Клиничката болница во Битола, каде што им е укажана лекарска помош и се надвор од животна опасност.

Целата пелагониска област од утрово е под густа магла, замрзанти и лизгави коловози и сообраќајот се одвива отежнато.