Тешка сообраќајка на патот Долни Балван – Чардаклија

Тешка сообраќајна несреќа се случила изутринава на патот Долни Балван – Чардаклија, при што тешко е повреден дваесетгодишниот М.А. од село Оризари.

Според првичните неофицијални информации несреќата се случила десет минути пред шест часот утринава, кога кочанчанецот не успеал да ја прилагоди брзината на кривините, што се наоѓаат на тој дел од патот и излетал од коловозот.

Пред неполна недела на истиот пат во тешка сообраќајка, во директен судир на автомобил Форд фиеста и мини бус, животот го загуби 51-годишен штипјанец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.