Крими хроника

Тешка сообраќајка на патот Градско- Прилеп, повредени две малолетници

Тешка сообраќајка на патот Градско- Прилеп, повредени две малолетници

Две малолетни лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа попладнево кај село Сирково, на патот Градско- Прилеп.

Во тешката сообраќајка која се случила пред бензинската станица кај Сирково, според полицијата, учествувале 3 патнички моторни возила од кои едното престигнувало друго возило и директно удрило во третото кое доаѓало од спротивната насока.

Двете малолетни лица со тешки телесни повреди се пренесени на скопските клиники.